Причината за појава на ракот на простатата е нејасна, но најчесто е врзана со присутната генетска предиспозиција, етникумот и начинот на живеење. Многу студии покажале дека внесувањето на поголема количина на месо, месни производи, т.е. животински масти во исхраната, а помалку овошје и зеленчук се најчести ризик-фактори за појава на болеста. Исто така и изложеноста на тешки метали го зголемува ризикот за настанувањето на карциномот на простатата.

Ракот на простатата е поврзан со тестисите. Лачењето на хормони не е само причина за појава на болеста, туку и за нејзиното ширење. Затоа примената на хормонската терапија игра важна улога во третманското водење на карциномот на простатата, како самостојна или во комбинација со другите тераписки модалитети.

Карциномот на простатата е индивидуална и непредвидлива болест, чиј малигнен потенцијал не може секогаш да се предвиди. Обично тоа е споро растечки тумор кој се развива со години. Многу постари мажи имаат карцином на простата без присутни симптоми и водат нормален начин на живот.

Ракот на простатата може да се открие со обичен ректален преглед, преку ехо-дијагностика или со тумор-маркери.

Рaната дијагноза и неговата навремена терапија доведува до целосно излекување дури во 98 otsto од zabolenite. Токму поради ваквата висока стапка на преживување во раните стадиуми на болеста, се препорачува, секој маж над 50-та година, без разлика дали има проблеми со моkreweto , да отиде еднаш до два пати во годината на преглед. На тој начин ќе се овозможи навремено и успешно излекување на карциномот.

Причини и ризик фактори за рак на простата

Како и за сите други карциноми кои се јавуваат кај луѓето, така и за ракот на простатата причините за неговото јавување не се познати.

Сеуште не може да се објасни зошто некои луѓе заболуваат, а други не.

Сепак, некои лица имаат поголем ризик да заболат од оваа болест.

Постојат одредени фактори на ризик кои ја зголемуваат можноста од појава на оваа болест кај некои луѓе. 

Фактори на ризик се:

Возраст

Gлавен ризик фактор за карциномот на простатата  e vozrasta . Болеста ретко се јавува кај мажи помлади од 45 години. Можноста од појава на карциномот на простатата брзо се зголемува со годините. 

Така, повеќето пациенти со карцином на простата се на возраст над 65 години.

Фамилијарната историја на болеста 

Доколку некој од машките членови од семејството боледуваl од карцином на простатата, постои поголем ризик nekoi od ;lenovite na semejstvoto да заболат. Ризикот е поголем ако повеќе од еден роднина имал рак на простата. Една студија тврди дека маж со двајца роднини од прв степен кои имале рак, има пет пати поголема шанса да добие рак. Затоа, некои стручни лица препорачуваат мажите со вака голем ризик редовно да се проверуваат, почнувајќи од нивната 40-та година.

Расата

Карциномот на простатата почесто се јавува кај црната отколку кај белата раса. Исто така, почесто се јавува кај белците Европјани, отколку кај Азијатите.

Исхраната

Некои студии укажуваат дека прекумерната телесна тежина и внесувањето на голема количина масти од животинско потекло во исхраната го зголемуваат ризикот за карцином на простатата. Постои теорија која укажува дека мастите ја зголемуваат продукцијата на машкиот полов хормон, тестостерон, кој го потпомага настанувањето на простатичните карциномски клетки.

Утврдено е дека почесто се јавува кај лица кои во својата исхрана внесувале повеќе црвено месо, а малку овошје и зеленчук.

Лица кои во својата исхрана вклучуваат повеќе овошје и зеленчук, а помалку масна храна и црвено месо, имаат помал ризик да заболат.

Високите вредности на тестостерон

Засега со сигурност се знае дека постои зависност помеѓу карциномот на простатата и тестостеронот. Ова го потврдува фактот дека кастрираните мажи не заболуваат од карцином на простатата.

Тестостеронот го стимулира растот на нормалната простатата, но исто така влијае и на растот на карциномот на простатата.

Лицата кои имаат високи вредности на тестостерон во крвта, како и лица кои се на терапија со тестостерон имаат поголем ризик да заболат од карцином на простатата од оние со помало ниво на тестостерон.

Долготрајна терапија со тестостеронот исто така може да предизвика зголемување на простатата, состојба позната како бенигна простатична хиперплазија.

Кај пациенти со веќе присутен карцином на простатата, тестостеронот може да го забрза растот на простатичните карциномски клетки и да ја стимулира болеста.Превенција и скрининг на рак на простата  

Превенција

Како превенција за карциномот на простатата, сепак, се препорачува правилна исхрана, со внесување на повеќе овошје и зеленчук во исхраната, а помалку масти од животинско потекло (црвено месо). 

Скрининг

Целта на скринингот е откривање на карциномот на простатата во раните стадиуми на болеста, пред појавувањето на симптомите. Раниот карцином на простататачесто може да не даде никакви симптоми и да се открие во тек на рутинскиот скрининг тест.

Се препорачува скрининг еднаш годишно почнувајќи од 50-годишна возраст, па дури и порано доколку постои висок ризик за развој на карцином (на пример: позитивна фамилијарна анамнеза, црна раса, зголемена простата).

Скринингот за карциномот на простатата се изведува брзо и лесно и тоа со анален преглед (дигитален ректален преглед) и со испитување на нивото на простата – специфичниот антиген (ПСА) и простатична кисела фосфатаза (ПАП) во крвта.

Испитување на ПАП и ПСА во крвта и во урината

Од лабораториските испитувања значајни за дијагноза на карциномот на простатата се: испитување на нивото на простатичната кисела фосфатаза (ПАП) и на простата – специфичниот антиген (ПСА) во крвта.

ПСА е откриен во 1971 година, а изолиран во 1979 година. ПСА протеинот го создаваат како нормалните, така и карциномските клетки на про-статата. Карциномските клетки создаваат многу повеќе ПСА протеин од нормалните.

Високите вредности на ПСА во крвта може да бидат знак за карцином.

ПСА е протеин кој го има нормално во крвта кај здравите мажи. Не постои едно нормално ниво на ПСА. Тоа значи дека вредностите на ПСА може да варираат од маж до маж и нормалното ниво се покачува со возраста. Но, сепак, следниве вредности се груби показатели на нормалните вредности на ПСА: 

Kолку се повисоки вредностите на ПСА толку е поголема веројатноста за постоење на карцином.

Анален преглед 

Бидејќи аналниот отвор е непосредно под простатата, а карциномот најчесто расте на таа страна од жлездата, лекарот може да ја напипа простатата влегувајќи со прст преку аналниот отвор.

При прегледот урологот може да ја напипа простатата и да открие некои ирегуларности во нејзината големина, обликот и конзистенцијата. Обично со овој преглед може да се разграничат промените кај карциномот на простатата од оние при бенигната хиперплазија.

Присуството на целосно тврда и фиксирана простата е сомнителен наод за карцином.

Во раниот стадиум, карциномот на простатата често може да биде асимптоматски т.е. да не даде никакви симптоми. Затоа, во многу случаи, тој се открива дури кога ќе се прошири надвор од простатата, во околните ткива, или ќе се прошири во други ткива и органи во телото т.е. ќе даде оддалечени метастази.

Nајчести симптоми и знаци на болеста се:

  • често моkrewe посебно ноќе 
  • тешко започнување на моkrewe
  • тешко запирање на моkrewe
  • подолготрајно моkrewe поради послаб млаз на мочта 
  • испрекинато моkrewe и капење на мочта по завршување на моkrewe
  • печење и болка при моkrewe
  • чувство на полн мочен меур по моkrewe
  • потреба од итно моkrewe
  • болки во долниот дел на карличната регија
  • крв во мочта 
  • болна ејакулација
  • болка во слабинскиот дел, во колковите и бутините
  • ослабен апетит и слабеење
  • болки во коските.

Доколку постојат потешкотии во моkrewe или кој било од наведените симптоми и знаци, неопходно е да се отиде на лекар.

Овие симптоми и знаци не значат секогаш и сигурно постоење на карцином, туку можат да бидат поврзани со некои други состојби и болести на простатата.

Така, многу често, посебно во раните стадиуми на карциномот на простатата симптомите се исти како и при бенигното зголемување на простатата.

Годишно се јавуваат само дваесетина болни кај кои ракот на простатата е откриен навреме. Тоа значи дека кај многумина пациенти болеста се открива vo многу подоцна, кога болниот веќе има метастази. Причина за ваквата состојба е toa {to ne se prepoznavaat  kонкретни симптоми кои би го предупредиле мажот дека станува збор за некаква болест. Голем број од мажите, и кога ќе се појават симп томите од оваа болест, од страв го игнорираат тој факт. Мажите со страв и срам доаѓаат да извршат прегледи, иако лекувањето за ви си од тоа во кој стадиум е откриен карциномот. Затоа е потребно да се подигне општата и медицинска култура кај мажите, со цел карциномот да се открие што порано. Светската здравствена организација го прогласи 15 септември за Светски ден на заболувањата на простатата. 

Ракот е излечива болест ако навреме се 

Crna statistika 

Карциномот на простатата е на второ место по честота на јавување во развиените земји кај мажите постари од 50 години. Од 1000 мажи на возраст над 50 години, околу 136 ќе заболат од рак до нивната 80-та година, а околу 27 nema da se spasat. 

Во Европа, како причина за смрт кај мажите, ракот на простатата е на второ место веднаш по ракот на белите дробови. 

Kај мажите во Македонија, godi{no заболуваат околу 70 нови пациенти, а дури 90 otsto од нив се откриваат во доцна фаза кога и целосното из лекување на болниот е речиси невозможно. Оваа болест ги погодува мажите по 50-та година. Во земјава, дури две третини од болните кои добиле рак на простата се мажи постари од 65 години.

Во светски размери годишно се регистрираат околу 400 000 нови случаи, од кои дури 170 000 случаи завршуваат со смртност.

Бројката на болни и кај нас од година во година се повеќе се зголемува, додека пак свеста на граѓаните за навремени прегледи е многу мала. Ракот на простатата во Македонија е во пораст.