НАЈДОБРАТА ВРСКА ОД СИТЕ – ВРСКАТА СО СЕБЕ
By Jenifer R.Levin
Прифаќањето на своето тело за жената е една од најкомплексните нешта, со кои таа се соочува во својот живот.
Секоја година жената поминува енормно многу време размислувајќи на диети, пластична хирургија, теретани, козметичари, таблети за слабеење кои овозможуваат психички и естетски задоволства.
Борбата да се прифати и сака своето тело значи бесконечност..
Зачудувачки е како ние жените во поглед на својот изглед поставуваме невозможни стандарди и болни циклуси на напор, кои потоа повлекуваат разочарување,чувство на депресија и на крај се прашуваме колку реално го познаваме своето тело и нашите недостатоци.
Како ракот на дојка влијае на перцепцијата кон себе?
Да се живее во општество каде изгледот е една од клучните обележја на една жена многу е тешко да се прифати мотото – Сакај го и почитувај го своето тело!
За жените кои живеат со рак на дојка сликата за себе, за своето тело и љубовта кон себе добива една нова динамика.
Причинителите за новонастанатата ситуација се многубројни…со поставувањето на дијагнозата рак на дојка и започнување на процесот на лекување, операција, хемотерапија, опаѓање на косата, зголемување на телесната тежина, губење на способноста за доење во крајност ја рушат позитивната слика за себе, за женственоста и чувството на привлечност.
Што значи љубов кон своето тело и самоприфаќање?
Да се сака и прифати своето тело е да се живее во сегашноста – Сега и Овде, не откако сме изгубиле некој килограм, не откако сме направиле реконструкција, туку сега во моментов.
Тоа значи прифаќање на своите предности и недостатоци, доблести и маани, квалитети и можности.
Да ја вратите назад вашата самодоверба , повикајте се на љубовта и грижата на вашите најсилни конекции со дете, сопруг, партнер, пријател. Одвојте време за вас, давајте и примајте љубов од вас кон вас, од вас кон другиот и од другиот кон вас.
Приберете ја сета позитивна енергија од сиве овие компоненти и искористете ја најдобро за себе. Од денес пронајдете причина и започнете да го прифаќате своето тело !
Постојат неколку совети за тоа како да почнете да се сакате себе си, да се прифаќате и доживувате токму онакви какви сте.
1.Поставете свој стандард за убавина
Вистинската и трајна убавина престојува во сите вас. Бидејки сте соочени со ракот започнете да ги преиспитувате своите вредности, што е она што за вас е најбитно во моментов, за вас, за вашиот изглед. Изберете начин за задоволување на својот стандард и негувајте се онака како ќе се чувствувате најсигурно, најбезбедно, најубаво.
2.Негувајте добро ментално здравје
Не можеме да одиме со мисла за опасна по живот болест, без претходно да препознаеме и знаеме што е тоа здраво тело. Научете како себе си да се поставите на прво место, бидете јак и добар карактер, јадете здраво, мислете здраво и позитивно, дозволете си одмор, доведете го стресот на минимум, направете го ова најпрво за себе а потоа рефлектирајте го тоа на другите, сепак бенефитот ке биде најголем за вас.
3.Почитувајте го вашето тело и неговите достигнувања
По дијагностицирање на рак во првите моменти можеби се чувствувате предадени од своето тело. Гнев и омраза се очекувано секогаш првите чувства кои ќе се појават. Откако ќе помине почетното сознание , вратете се чекор назад и признајте си ја себе си неверојатната сила која вашето тело ја пружа за време на процесот на лекување. Одржувањето на чувството за борба е психичкото оружје кое може да се употреби за добивање на позитивни мисли.
4. Прави работи кои те прават среќна
Твојата самопочит го рефлектира начинот на кој се однесуваш спрема своето тело. Секоја жена на свој начин си дозволува мали задоволства. Затоа откриј што тебе те прави најсреќна, направи го најдоброто за себе и за своето тело.
5.Направи нешто за другите
Среќата и задовоството кога ке се помогне и направи нешто за некого е неизмерна и поразлична од се. Многу жени водени токму од оваа идеја сакаат да бидат дел од волонтерите или помагатели во многубројните здруженија и асоцијации. Пример се здруженијата за борба против рак на дојка каде жените си пружаат мегусебна поддршка, размена на искуства.
6.Опкружи се со љубов
Секојдневието опкружено со личности кои ни праќаат позитивна енергија, кои не прават среќни, во оваа борба е потребно како извор од кој ке ја црпите потребната сила.
Дозволете си токму таква средина, бидејќи тоа е најдобар начин за пронаоѓање на мир и спокој.
Превземено од Amoena Life
O коментари