Ако болеста е откриена во ран стадиум, третманот почнува со хируршка операција, односно со отстранување на заболеното ткиво. Понатамошното лекување може да опфати примена на хемотерапија, хормонска терапија или зрачна терапија, според резултатите од постоперативниот хистопатолошки наод. Ако се работи за поголем тумор или за клинички палпабилни лимфни јазли во пазувите, лекувањето може да почне со хемотерапија, а потоа да се направат оперативниот зафат и зрачната терапија. Режимот на лекување на карцином на дојка, покрај стандардната хемотерапија, опфаќа и вклучување биолошка или целна терапија.

Денес постои можност за користење препарати што се комбинација на хемотерапија и биолошка терапија, со што се зголемува селективното дејство на терапијата врз туморските клетки и се намалуваат несаканите ефекти од терапијата. Може да се комбинираат повеќе биолошки препарати за да се направи блокада на повеќе нивоа на ниво на туморските клетки и за да се подобри ефектот од лекувањето. Благодарение на оваа комбинирана терапија можно е лекување на болеста и продолжување на животот и кај оние пациенти каде што болеста развила метастази