Поимот грло претставува еден поширок поим на долниот дишен пат кој го сочинува фаринксот и ларинксот. Во самиот ларинкс се сместени и самите гласилки, кои под влијание на воздушната струја која излегува до белодробието, вибрираат и доведуваат до создавање на гласот. На тој начин се создава гласот во самото ждрело, во устата и во носот, каде се обликува (артикулацијата и резонанцијата) самиот глас што севкупно доаѓа до создавање на својствен, конечен и препознатлив говор.
Ракот на грлото (carcinoma larynx) е малиген тумор кој настанува кога во ткивото на грлото ќе се појават и ќе почнат да се развиваат малигните туморски клетки и истите ќе започнат со своето пенетрирање и ширење во околното здраво ткиво, со истовремено разорување на истото.
Кој се основните причинители за појавата на карцином на ларинкс?
- Пушењето
- Алкохолот (особено комбинацијата на овие два ризика)
- Неправилна исхрана (намален внес на соодветно хранливи состојки како протеини, витамини, минерали)
- Намален имунитет на организмот
- Професионална предизпозиција (изложеност на одредени хемикалии како бои, лакови, прашина, чад и друго)
- Гастроезофагијален рефлукс
Колку често се јавува карцином на грло и кај кого?
Од карцином на грло скоро два пати почесто заболуваат мажите во однос на жените. Најчесто се пациенти кои се во средна и старечка возраст (помеѓу 50 и 70 години). Иако во последниве години забележан е значителен раст на појавата на карцином на грло кај помладата популација и се почеста e појава на карциномот и кај жените.
Д-р. Игор Ценевски
O коментари