Од сите места за рак, дојката е орган поради чие малигно заболување денес во светот, исто така и кај нас , навистина умираат најмногу жени. Тоа е затоа што од рак на дојка заболуваат многу повеќе жени отколку од другите видови малигни болести. Но постојано треба да се истакнува дека степенот на преживување од рак на дојка е многу висок и дека никако не значи дека заболената жена ќе умре.
Прогнозата зависи од многу фактори, првенствено од карактеристиките на карциномот. Но дури и кога болеста напреднала, денес достапните терапии овозможуваат со рак на дојка да се живее повеќе години. Во разговор со својот лекар може да се дознае колкав е процентот на преживување на заболените со сличен вид на карцином како нашиот. Сепак, секогаш треба да се има предвид дека резултатот на лекувањето може да биде и подобар од прогнозираниот.
ОВИЕ ДЕНОВИ ДОЗНАВ ДЕКА ИМАМ РАК НА ДОЈКА. НА МОМЕНТИ МИ СЕ ЧИНИ ДЕКА ТОА НЕ Е ВИСТИНА И ДЕКА ТОА МЕНЕ НЕ МИ СЕ СЛУЧУВА. ДАЛИ Е ТОА НОРМАЛНО?
Дијагнозата на малигните болести кај заболената личност предизвикува големо психолошко нарушување , а може да биде и своевидно трауматично искуство. Акутниот стрес, кој притоа се јавува, може да доведе до одредена психичка дисоцијација и чувство дека тоа му се случува на некој друг. Таа реакција е нормална и разбирлива. Многу е важно жената, после соочувањето со дијагнозата, да има соодветна поддршка од опкружувањето, семејството, партнерот и пријателите и ако за тоа почувствува потреба, да побара соодветна стручна помош.
ЗОШТО ТОКМУ ЈАС? СО ШТО ПОГРЕШИВ?
Многу жени си го поставуваат ова прашање. Прашањето е потполно погрешно. Секогаш треба да знаете и покрај тоа што ракот на дојка може да биде наследен, тој е најчесто непредвидлива болест и не знаеме кого ќе „одбере“. Познати се многу причини кои можат да влијаат во создавањето на ракот на дојка, но ниту едена од нив не е единствена причина. Затоа е невозможно сосема да се заштитите од ракот, како што не може да се рече дека некој е сам виновен затоа што се разболел. Сите свои капацитети треба да се насочат на лекувањето, треба да се разговара со стручни лица и да се биде во друштво со семејството и пријателите.
O коментари