Сезоната на празници вообичаено е време на традиции, прослави и обновување на врските со фамилијата и пријателите.
Доколку се грижите или поддржувате некого кој се бори со рак, празниците стануваат покомплицирани. Пациентот може да доживува мешавина на комплексни и спротивставени емоции, вклучувајќи возбуденост, тага, грижа, исцрпеност, надеж и несигурност. Понекокаш може да е тешко да се балансираат овие емоции со празничниот дух.
За време на празнувањето, пациентот кој има рак може да има измешани емоции. Додека саканите се борат за да ги направат празниците што е можно попријатни, болниот може да се грижи за тоа да не претставува товар или да не ги разочара ако не го делат истиот оптимизам.
Покрај тоа, последиците од ракот и терапиите може да направат пациентот да изгледа несреќно. Тој или таа може да бидат свесни за својот изглед или загрижени за тоа дека немаат доволно сила и енергија да учествуваат во празничните активности. Се грижат исто така и за тоа да не бидат третирани различно. Иако пациентот чувствува дека работите се промениле, може да не сакаат другите да ја акцентираат темата „рак“ или да го сожалуваат.
Нормално е за луѓето кои се борат со ракот да се чувствуваат непријатно за разлика од остатокот на светот. Празниците и помислата на годината што следува иницираат нови прашања, како следните:
• Како ќе се грижам за подготовките за празниците и за мене во исто време?
• Како ќе прославувам кога имам толку многу други работи за кои размислувам?
• Дали ќе имам доволно енергија за да учествувам во празничните активности?
• Како ќе се чувствувам кога ќе ги видам моите пријатели и фамилијата?
• Како ќе се чувствуваат моите пријатели и фамилијата да ме видат мене?
• Каков ќе ми биде животот следната година?
Пронајдите начин како да прославите
Ракот не му се случува само на еден човек, им се случува и на членовите на семејството и на пријателите исто така. На празници, најважна станува комуникацијата со саканите. Психолозите оветуваат дека исто така е важно да се напомене дека нема вистински или погрешен начин за тоа како пациентот треба да се соочи со празниците. Тој мора да открие што е најдобро за него.
Како полесно да се минат празниците !
За да помогнете на болниот или ако вие сте заболен од рак, еве неколку совети како да се изборите со празниците.
• Емотивно, подгответе се. Често нереалните очекувања за време на празниците може да предизвикаат голем стрес за секого, а особено за некој кој се бори со рак. Вообичаено е на површина да излезат нови чувства, а емоциите значително да се интензивираат во овој период на годината. Може да почувствувате мешавина од исчекување, разочарување и загриженост. Подготвувајќи се за овие емоции може подобро да ви помогне да се справите со нив кога ќе се појават.
• Нека биде едноставно. Ако е сред терапија за рак, многу задачи како готвење, купување или декорирање може да станат исцрпувачки. Поедноставните и помали собири се полесни за справување. Исто така не треба да очекувате дека се ќе биде совршено. Кога ќе се случат непријатности, смирено справете се со нив. Одржувањето на вашите очекувања реални и лесни за управување помага во намалување на стресот.
• Не вршете притисок врз себе за да подготвите голем оброк. Наместо да зготвите голем оброк вие самите, може секој член на фамилијата да донесе порција, да нарачате храна од ресторан или да побарате некој друг да биде домаќин оваа година. Ако одлучите да готвите, побарајте помош за поставувањето на масата и чистењето. Ослободувањето од одредени притисоци за забавата ќе ви даде време да се релаксирате и уживате.
• Пронајдете различни начини за да купувате. Ако купувањето за време на празниците е извор на стрес, тогаш направете друг план за да купите подароци преку интернет, да ги нарачате преку каталози или да подарите ваучер. Доколку се проблем финансиите, одредете ги ги вашите граници за трошење, одредете буџет и држите се до него. Исто така, имајте на ум дека искрените и дома направени подароци се добар начин за да покажете на некого дека се грижите.
• Одредете го темпото на вашите активности. Не се чувствувајте обврзани да учествувате во секоја активност за време на празниците. Може ќе одлучите да одбиете некоја покана за да имате енергија и за да уживате во активностите најважни за вас. Исто така не се чувствувајте лошо за откажувањето на плановите во последен момент или ако се случи да земете време за вас доколку е потребно. Вашите пријатели и фамилијата сигурно ќе ве разберат.
• Запознајте ги вашите граници кога станува збор за физичката подготвеност. Бидете свесни за физичкиот стрес што патувањето и забавата го предизвикуваат врз вашето тело. Ако одите надвор од градот во посета на роднини или пријатели, размислете да престојувате во хотел. Тоа може да ви даде повеќе време за да се релаксирате и да ви помогне да ја контролирате ситуацијата. Обрнете внимание за тоа колку одмор ви е потребен за да не си наметнувате преголем товар.
• Дозволете луѓето да ви помогнат. Во изминатите години можеби вие бевте тој што го извршуваше најголемиот дел од декорирањето, купувањето, готвењето, забавувањето и останатите активности за време на празниците. Секако, да се биде одговорен за сите подготовки е исцрпувачки физички и емотивно. Дозволете пријателите и фамилијата да ви помогнат. Можеби нема да знаат како, па поради тоа подгответе им листа со задачи. Вас ќе ви олесни, а тие ќе се чувствуваат добро со тоа што можат да ви помогнат.
• Предвидени реакции од другите. Ракот може да го промени начинот на којшто вие се поврзувате со саканите и начинот на којшто тие се поврзуваат со вас. Може да се справувате со несакани појави од терапијата, како губење на косата, тежината и други промени во изгледот. Ако сте загрижени за тоа како луѓето ќе реагираат кога ќе ве видат, размислете да напишете писмо, пратите електронска пошта или претходно јавите се на членовите од фамилијата за да им кажете како се чувствувате. Ова ќе ви помогне да се намали чувството на необичност кога ќе бидете заедно.
• Откријте нови традиции. Обидете се да не си создавате премногу притисок за да ги зачувате старите празнични традиции. Испланирајте со вашите сакани кои традиции да ги вклучите оваа година, а кои не. Најважно од сè, правете го она што мислите дека е најдобро за вас. Може повторно да ја откриете среќата на стар и на нов начин.
• Споделете ги вашите чувства. Искажувањето на вашите чувства, потреби и грижи со другите може да помогне во намалувањето на стресот од празниците. Вашите пријатели и фамилијата може да избегнуваат да разговараат со вас бидејќи не се сигурни што да кажат или како да се однесуваат со вас. Ако не сакате да зборувате за ракот, кажете им на вашите сакани. Ако имате потреба да плачете или ако се вознемирите, и тоа е во ред да го направите. Споделувањето на вашите чувства со другите може да ви помогне да се чувствувате помалку осамено.
• Поставете си цели за Новата Година. Вашите сонови и надежи за иднината може да бидат различни сега. Работите кои претходно изгледале важни може да создадат нови приоритети, како уживањето во што повеќе време со вашите пријатели и фамилијата. Работите заедно со вашите сакани за да поставите нови, краткорочни цели ( на пр. завршување на терапијата ). Повторното преиспитување на вашите приоритети може да го подобри вашето гледање на работите.
• Запомнете го значењето на празниците. Обидете се да не се фокусирате на она што недостасува или што е различно во оваа сезона на празници. Обидете се да се концентрирате на она за што празниците навистина се : време за споделување со другите, време за да се биде благодарен, за обновување на врските и време за ценење на животот.
Грижа за време на празниците !
За оние кои даваат нега на болните од рак, еве некои работи што треба да ги имате на ум:
• Потсетете го вашиот сакан дека се грижите. Пациентите болни од рак може да имаат дополнителна потреба од убедување дека тие се уште се потребни и сакани. Пронајдете подароци што даваат слика за тоа кои се тие освен што се болни од рак. Примерите вклучуваат книги, уметност, музика или билети за во музеј, театар, спортски настани итн. Сакате да му покажете на вашиот сакан дека го гледате како личност, а не како пациент болен од рак.
• Дајте простор доколку е потребно. Поканите го вашиот сакан да биде дел од празничните активности, но не го притискајте да биде инволвиран во секој настан. Дури и ако во почетокот не е подготвен за активноста, оставите ја поканата отворена ако одлучи да учествува во последен момент.
• Задржете ја ситуацијата нормална. Пациентите болни од рак сакаат да ги прослават празниците што е можно понормално, без да се потсетуваат на болеста. Тие сакаат да почувствуваат дека вие сте со нив бидејќи ги сакате и уживате во нивното друштво, а не поради тоа што ги сожалувате.
• Понудете се да помогнете. Понудете се да ја исчистите куќата, да исперете, зготвите,купите намирници, декорирате инт. Дајте и на вашата сакана личнност можност да одлучи што би сакала да прави, а вие помогнете и со остатокот.
• Само прашајте. Ако не сте сигурни на кој начин вашиот сакан сака да ги помине празниците оваа година, прашајте го. Зборувајте со него/нејзе за неговите/нејзините чувства и споделете ги своите. Заедничкото работење за да ги донесете одлуките во врска со подготовките за празниците може да ви помогне на секој од вас да се зближите.
O коментари