Ризик фактори
Во фактори кои го зголемуваат ризикот од рак на панкреасот спаѓаат:
– постара возраст, особено над 60 години
– црна раса
– прекумерна тежина или дебелеење
– хронично воспаление на панкреасот (панкреатитис)
– дијабетес
– семејна историја на генетски синдроми кои може да го зголемат ризикот од рак, вклучувајќи ја и мутацијата на BRCA2 генот, Peutz-Jeghers-овиот синдром, Lynch синдромот и семеен со атипични бемки – малиген меланом (FAMMM)
– лична или семејна историја на рак на панкреасот
– пушење
Симптоми на рак на панкреас
Знаците и симптомите на ракот на панкреасот често не се појавуваат се додека болеста не е напредната. Кога знаците и симптомите се појавуваат, тие може да вклучуваат:
– болки во горниот дел на стомакот, кои може да зрачат и во грбот
– пожолтување на кожата и белките на очите (жолтица)
– губење на апетитот
– слабеење
– депресија
– крвни коагулуми (згрутчување на крвта)
O коментари