Црна статистика

Карциномот на простата е на второ место на јавување во развиените земји кај мажите постари од 50 години. Од 1000 мажи на возраст над 50 години, околу 136 ќе заболат од рак до нивната 80-та година, а околу 30 нема да се спасат.

Во Европа, како причина за смрт кај мажите, ракот на простата е на второ место веднаш по ракот на белите дробови.

Kај мажите во нашата држава, годишно заболуваат околу 70 нови пациенти, а дури 90% од нив се откриваат во доцна фаза кога и целосното излекување на болниот е речиси невозможно. Оваа болест ги погодува мажите по 50-та година. Во земјава, дури две третини од болните кои добиле рак на простата се мажи постари од 65 години.

Во светски размери годишно се регистрираат околу 400 000 нови случаи, од кои дури 170 000 случаи завршуваат со смртност.

Бројката на болни и кај нас од година во година се повеќе се зголемува, додека пак свеста на граѓаните за навремени прегледи е многу мала. Ракот на простатата во нашата држава е во пораст.

Анален преглед 

Бидејќи аналниот отвор е непосредно под простатата, а карциномот најчесто расте на таа страна од жлездата, лекарот може да ја напипа простатата влегувајќи со прст преку аналниот отвор.

При прегледот урологот може да ја напипа простатата и да открие некои нерегуларности во нејзината големина, обликот и конзистенцијата. Обично со овој преглед може да се разграничат промените кај карциномот на простатата од оние при бенигната хиперплазија.

Присуството на целосно тврда и фиксирана простата е сомнителен наод за карцином.

Во раниот стадиум, карциномот на простатата често може да биде асимптоматски т.е. да не даде никакви симптоми. Затоа, во многу случаи, тој се открива дури кога ќе се прошири надвор од простатата, во околните ткива, или ќе се прошири во други ткива и органи во телото т.е. ќе метастазира.